ФРАНЦИЈА БАРА СЕРИОЗНА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Foto

ФРАНЦИЈА БАРА СЕРИОЗНА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА

Борбата со корупцијата мора да биде ефикасна ако Македонија навистина сака датум за преговори со ЕУ. Лилијана Танги, првата француска пратеничка со македонско потекло и блиска соработничка на Макрон за ТВ 24 вели дека на Унијата и е потребна стабилна земја - во моментот има високо ниво на претпазливост и страв од инвестиции поради тешката состојба со корупцијата.

- Ако сакате да ја развиете инфраструктурата и ако сакате француски фирми да инвестираат – мора да направите поволна ситуација за успех. Но ако ситуацијата е тешка со корупцијата како што е сега, нормално е да има високо ниво на претпазливост. Мора да се почитуваат и спроведуваат европските вредности. Реформи се потребни повеќе од било кога, за да може и западните земји да развиваат инвестиции на Балканот а не да се колебаат. - Лилијана Танги, Заменик Претседател на Комисијата за надворешни работи и европски прашања во францускиот парламент .

Мора ефикасно спроведување на реформите, за да нема миграција. Во моментот не само на официјален Париз туку и на остантите земји членки им е јасно - дека сегашната методологија за проширување не е добра и предизвикува дополнителни проблеми, вели сопартијката на Емануел Макрон. Францускиот претседател кој се спрема за избори во март е свесен дека неговите граѓани стравуваат од проширување на Унијата.

Постои опасност конзервативците и националистите во Франција да го искористат процесот на проширување, за да добијат поени за време на локалните избори во март. Затоа француската влада се обидува да направи се, за тоа да не влијае на политиката. Сепак факт е дека граѓаните - оние кои не ја познаваат добро состојбата на Балканот мислат дека интеграцијата ќе се случи веднаш иако се знае дека процесот е долг. Затоа ние мора да бидеме претпазливи и да не даваме аргументи на екстремистите кои цело време се обидуваат да ја искористат идејата – дека ако се прошири Европа ќе има уште поголема миграција.

 Сепак Лилијана отворено се залага за интеграција на Македонија во Европската Унија - вели дека има волја француските парламентарци да развијат соработка со Македонија и тоа да се вклучи во рамки на Берлинскиот процес. Постои идеја да се направи конференција меѓу парламентарците од сите земји членки на Унијата за време на следниот Самит на Берлинскиот процес во Софија или Скопје.

Според Лилјана, нема гаранција дека на следниот Европскиот Совет на 26 и 27 март, Макецонија ќе добие зелено светло за датум со ЕУ.

Инаку заклучоците од октомврискиот Самит беа дека Европскиот Совет ќе се наврати на прашањето за проширување пред Самитот на Западен Балкан во мај во Загреб.

0 Коментари

Остави коментари