Фотоволтаична централа во средното училиште „Михајло Пупин“
Foto

Фотоволтаична централа во средното училиште „Михајло Пупин“

Во присуство на вице премиерот на владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денес свечено беше пуштена првата фотоволтаична централа на средното електротехничко училиште Михајло Пупин во Скопје.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, истакна дека со инсталирањето на оваа централа учениците во пракса ќе можат да видат како функционираат фотоволтаичните централи и дека се надева во текот на наредната година Градот заедно со училиштето ќе соберат финансии целиот покрив да го направат еден фотоволтаичен панел.

Проектот на учениците финансиски е поддржан со грант од Фондот за иновации и технолошки развој во износ од 270.000 денари, а преостанатите средства до 600.000 денари, колку што чини електраната се од буџетот на училиштето. Оваа електрана е со 42 панели и е со јачина од 12 киловолти.

0 Коментари

Остави коментари