Формула 1: ФИАТ може да го купи Алфа Ромео
Foto

Формула 1: ФИАТ може да го купи Алфа Ромео

Според информации на „Ауто Билд“, се водат преговори за купување на Ф1 тимот Алфа Ромео од страна на ФИАТ.

Италијанскиот производител на автомобили Алфа Ромео беше спонзор на тимот на Заубер во 2018 година, а во оваа сезона, која ќе започне во март, го даде своето име на овој тим.

Компаниите Ферари и Алфа Ромео се дел од концернот ФИАТ, кој сега сака да го купи швајцарскиот тим.

Договорот треба да стане реалност претстојново лето.

0 Коментари

Остави коментари