Флекенштајн: Голем неуспех за германското претседателство ќе биде ако Македонија не почне преговори со ЕУ
Foto

Флекенштајн: Голем неуспех за германското претседателство ќе биде ако Македонија не почне преговори со ЕУ

Лично разочарување за Меркел  и неуспех за германското претседателство ќе биде ако Македонија не ги стартува преговорите во декември, вели Кнут Флекенштајн во интервју за тв 24.

Поранешниот германски европратеник и сегашен советник на претседателот на Европски Парламент Давид Сасоли, вели дека зад затворените врати во ЕУ, се води интензивна дипломатска офанзива и германската канцеларка прави се што е во нејзини раце за да го исполни ветеното. 

- Ова не е само поради Македонија, ова е и поради Албанија, ова е за отворање нови поглавја во Србија. Ова не е само тажен сигнал за вашата земја, туку ќе биде и сигнал за целиот регион. Иако ова не е крај , туку само уште еден неуспех на патот, ќе биде големо разочарување за сите нас ако не почнете преговри сега. И да ќе биде неуспех на германското претседавање, но ќе кажам не поради нивна вина. - изјави Кнут Флекенштајн советник на претседателот на ЕП.

Бугарија треба да знае дека е многу осамена во Европската Унија по ова прашање, порачува Флекенштајн.  Смета дека билатералниот спор треба да се остави надвор од преговарачката рамка и процесот на проширување.

 Но треба ли воопшто да се преговара за јазикот и идентитетот? 

- Никако. Македонскиот јазик е македонски јазик и не е дијалект. И идентитетот е јасно признаен во цела Европа. Но ако има лоши чувства околу прашањата за заедничката историја, да ајде да зборуваме за тоа, но билатерлано, а не стопирајки го целиот процес. Ова не значи дека ја стопираат само Северна Македонија, туку ја стопираат и Европската Унија затоа што ние ве сакаме внатре во Унијата а не надвор.  изјави Кнут Флекешнтајн.

Флекенштајн порачува дека Унијата се базира на диверзитет, различни јазици и култури и ако има проблеми тие треба да се решаваат директно , без говор на омраза и да најдат заедничко решение. Нема потреба да се стопира нешто што воопшто не е ни почнато и ова е мислењето на сите 26 земји членки на ЕУ, вели тој. 

Утре во Брисел се одржува уште еден состанок на амбасадорско ниво, каде се очекува македонското прашање повторно да биде ставено на маса и покрај последната блокада од страна на Бугарија.

0 Коментари

Остави коментари