Фирмите добија 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци
Foto

Фирмите добија 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци

Преку 14,5 милијарди денари или 236,4 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јули е поголем за околу 14,5 отсто во однос на лани.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите. Тоа е значајно за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност.

-Во споредба со претходната година, извршен е поврат на ДДВ кон фирмите за 30 милиони евра повеќе во однос на лани. Тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемена наплата на даночните приходи, дека ликвидноста е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски, истакнува Елези.

Позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6 проценти во однос на лани.

0 Коментари

Остави коментари