ФИНАСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ТУТУН ВО ЉУБОТЕН
Foto

ФИНАСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ТУТУН ВО ЉУБОТЕН

Скопското село Љуботен утрово се разбуди под полициска опсада. Специјалци бараа шверцуван тутун и машини за негова обработка. Мештаните тврдат дека работат само со домашен и обвинуваат дека некој сака да им го земе бизнисот.

Од магацинот на Алил Реџеповски денеска беа запленети 5 тони тутун. Тоа е трудот од цела година од кој се храни цело семејство вели Реџеповски.

Акцијата во Љуботен ја води финансиската полиција, постои сомнеж дека се криумчари тутун илегално од друга земја , кој потоа тука е режен и продаван како домашен.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски гарантира дека жителите во Љуботен не шверцуваат тутун.

- „Денеска од граѓаните на Љуботен сум информиран дека има полициска акција. Јас дојдов во селото и утврдивме дека  акцијата ја спроведува финансиската полиција за собирање на нелегалниот тутун кои го имаат селаните во своите домови. Но јас со сигурност тврдам дека не е нелегален, туку е стекнат на начин преку работа на целата фамилија која го ниже цела година и за тоа се информирани сите институции во државата.Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите“. - изјави Велимир Смилевски.

Во Љуботен има околу 600 куќи во кои живеат 3000 жители кои главно се занимаваат со одгледување на тутун и бостан. При денешната акција во десетина објекти беа запленети повеќе тони тутун и машини. Последниот пат е направен во 1992 година, а жителите се жалат дека немаат водовод и чиста вода за пиење.

0 Коментари

Остави коментари