Финансиската полиција ќе ги лови нелегалните трговци на интернет
Foto

Финансиската полиција ќе ги лови нелегалните трговци на интернет

Купувањето на Интернет од година в година се повеќе се зголемува. Речиси за 20 насто на годишно ниво расте сумата што ја трошат оние кои седат на компјутер, прават нарачки и чекаат на домашнта адреса да им стигнат производите.

Најмногу се купува обувки, облека и спортска опрема. Во првото полугодие од годината биле потрошени 86 милиони евра преку банкарски картички. Но, државата нема бројка колку пари граѓаните потрошиле кога платиле на рака. Сивата економија во овој дел е огромна. Власта најавува засилени котроли. 

Во поштата ќе биде поставен скенер за да може сите пратки кои пристигнуваат да не зависат само од мануелната проверка на поединци. Во акцијата ќе се вклучат Царината, УЈП, но и Управата за финансиска полиција. Нелегалните трговци ќе се ловат преку фирмите кои правата транспорт на стоката.

Минатата година преку Интернет направен е годишен обрт од 139 милиони евра. Од странските сајтов на Македонците најомилен им е „Али експрес“.

0 Коментари

Остави коментари