Финале на случајот „Рекет“
Foto

Финале на случајот „Рекет“

Со давање на завршните зборови на одбраната и лично на обвинитиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 денеска во скопскиот Кривичен суд заврши рочиштето на кое адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, и самиот тој побараа ослободителна пресуда затоа што, како што тврдат, обвинителството не дало никакви докази дека јовановски е виновен за перење пари и примање награда.

За Боки 13, овој процес е театарска претстава, а обвинителката Рускоска не може да докаже вина. За случајот „Рекет“ на утрешното рочиште завршни зборови треба да дадат адвокатите на поранешната специјална огбвинителка, Катица Јанева и самата Јанева која во случајов е обвинета за злоупотревба на службената положба.

0 Коментари

Остави коментари