Филмот „Сестри“ национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм
Foto

Филмот „Сестри“ национален кандидат за наградата Оскар за најдобар интернационален филм

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Република Северна Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од  Дејан Димески - кинематографери претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски - фотограф и кинематографер, Петар Богоевски - дизајнер на светло, Несрин Таир - актерка, Снежана Поњевиќ-Муча - сценографка, Александар Пејовски – композитори, Дритон Вејсели - актер, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот:„Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27март 2022 година, во Лос Анџелес.

0 Коментари

Остави коментари