Филипче: Се прават анализи за зголемениот процент на позитивни случаи
Foto

Филипче: Се прават анализи за зголемениот процент на позитивни случаи

Приметуваме во изминативе денови нешто е зголемен процентот на позитивни случаи од вкупниот број на направени тестови. Тоа се случуваше изминатите три дена. Имавме еден тренд на опаѓање од 10 проценти, стигнавме донекаде 6,5, а сега е околу 8. Почнавме да правиме анализи во изминатите два дена, ќе продолжат и викендов, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче  при посетата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

-Тоа што не сакаме да дозволиме е да имаме преполни болници. Така што таа анализа ќе заврши веројатно во понеделник или во следните први денови од неделата и врз основа на тоа ќе можеме да кажеме на што се должи и дали евентуално нешто треба дополнително да се преземе. За жал, морам да потенцирам дека скоро ексклузивно секаде каде што има нови случаи превентивните мерки не се почитувани. Мора сите да сфатиме дека така ќе живееме и само така ќе се заштитиме. На сите ни е тешко, сите сме родители, имаме деца и за училиште и за во градинка, целиот свет е во оваа криза, порача Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања министерот рече дека само со придржување до превентивните мерки можеме да излеземе од кризата. Во однос на дијагностиката, Филипче рече дека денеска има околу пет починати пациенти.

-Станува збор за исклучително тешка болест која што се манифестира во една тешка клиничка форма. Многу често разговараме, практично секојдневно со директорите на сите клиники и болници каде што се лекуваат овие пациенти за апсолутно сите се презема се. За жал има и млади починати, дел од нив се сериозен коморбилитети, ситуацијата е нешто што за жал ја намалува шансата за добар исход, истакна Филипче.

0 Коментари

Остави коментари