Филипче: Прва трансплантација на срце во земјата, да се зголеми свесноста за донирање органи
Foto

Филипче: Прва трансплантација на срце во земјата, да се зголеми свесноста за донирање органи

Првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент Иван Огњановски. Два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека денеска испишавме историја бидејќи за првпат во нашата земја беше направена трансплантација на срце од починат дарител.

Тој верува дека со ова ќе се испрати многу силна порака до сите наши граѓани колку е битно донирањето органи дека тоа во одреден момент спасува животи.

Министерот им честиташе на сите припадници на тимот, кои како што рече со огромна доза на ентузијазам, пожртвуваност и висока професионалност покажале како се работи за да се спаси човечки живот.

Тој изрази надеж дека ваквите процеси ќе продолжат и во идина и ќе имаме уште повеќе донори, за да спасиме уште повеќе животи.

0 Коментари

Остави коментари