Филипче: Продолжуваме да го јакнеме јавното здравство
Foto

Филипче: Продолжуваме да го јакнеме јавното здравство

Министерот за здравство Венко Филипче претпладнево на својот фејсбук напиша дека продолжува инвестирањето во здравствените установи, во нова медицинска опрема и во човечкиот капитал.

Според Филипче, подобрени се условите во 28 јавно-здравствени установи, а здравствената заштита е подигната на повисоко ниво.

-Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи. Здравствената заштита ја подигнавме на повисоко ниво, а здравствените работници и соработници имаат значително подобрени услови за работа. Во наредниот период продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство. Продолжуваме со инвестирање во здравствените установи, вложување во нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал, наведува министерот Филипче.

0 Коментари

Остави коментари