Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки
Foto

Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство не се откажуваат од мерките носење маска на отворено, стоп за групирање по 22:00 часот и забраната за домашни посети на повеќе од четворица гости.

Здравство ќе  интервенира амандмански во Законот за заштита од заразни болести кој веќе е во собраниска процедура и наредната недела  ќе се носи по скратена постапка. Кога законот ќе помине ќе казнува и полицијата и инспекторатите. 

Почнува на 0.55 се изнуди практично таква ситуација завршува на 1.22 и да се контролира и да се спроведува

Откако поради алармантниот раст на Ковид пациенти  се преполни струмичката болница, од таму побараа помош од дополнителен број лекари и медицински персонал. Министерот Филипче вели дека недостатокот ќе се решава како и досега со ротација на медицинскиот кадар. Не само во рамки на самата болница, туку и од други здравствени инстутуции ако за тоа има потреба.

Иако бројот на хоспитализирани расте, засега слободни места има во сите Ковид центри во државата, а од вчера во функција е ставен простор и во кавадаречката болница. Поради алармантниот раст на новозаболени со корона вирус вчера Комисијата за заразни болести до Владата предложи и нови мерки.

Со нив се забранува организирање на настани, се скратува работното време на сите економски субјекти до 23 часот, а автобустите од јавниот превоз да возат со половина капацитет. За петнаестина дена треба да почне и вакцинацијата против сезонски грип. Веќе се набавени 40.000 вакцини, кои ќе бидат бесплатни и се наменети за ризичните групи.

0 Коментари

Остави коментари