ФИЛИПЧЕ: „НИЕ СМЕ ДЕМОКРАТИ И ПО РЕАКЦИИТЕ РЕТЕРИРАВМЕ ОД ОДЛУКАТА ЗА ОПЕРАЦИИТЕ.“
Foto

ФИЛИПЧЕ: „НИЕ СМЕ ДЕМОКРАТИ И ПО РЕАКЦИИТЕ РЕТЕРИРАВМЕ ОД ОДЛУКАТА ЗА ОПЕРАЦИИТЕ.“

Ние сме демократи и по реакциите во јавноста за одлуката државата да плаќа операции за промена на полот ретериравме.“ - вели министерот за здравство, Венко Филипче. „Можеби требаше да се објасни уште на вчерашниот настан, но ги почитуваме реакциите на јавноста.“ - додава Филипче.

Невладината организација „Х.Е.Р.А.“, пак, која се залага за унапредување на човековите права на сите луѓе во областа на сексуалното и репродуктивното здравје нема никаков став на оваа тема. Од „Х.Е.Р.А.“ се оградија од прашањето дали тие сметаат дека промената на полот треба да биде на државен трошок. Велат дека стручните организации кои се влучени во овој процес се тие што требало да дадат стручно мислење.

0 Коментари

Остави коментари