Филипче: Нема да се ангажираат пензионирани лекари
Foto

Филипче: Нема да се ангажираат пензионирани лекари

Проблемот со немање медицински кадар е присутен во сите болници и клиники во земјава. Во новото болничко крило во Струмица кој се најавува како ковид центар, пероснал ќе се обезбедува по системот на ротација.

Вака одговори министерот Венко Филипче откако директорот на ова установао пред извесен период кажа дека и да се отвори нема кој да работи. Филипче рече дека засега нема потреба да се ангажираат и пензионирани лекари.

Министерот Филипче денеска присуствуваше на предавањето на најавената донација амбулантно возило од фирмите на семејството Заеви откако првиот човек на струмичката болница јавно реагираше дека нема возило транспорт на ковид пациенти

По денешниот настан реагираше опозиционата ВМРО-ДПМНЕ која смета дека денешната донација е срамна за претседател на Влада а претходно и градоначалник

За пусти политички поени Заев направи настан, за случај од кој треба да се срами, затоа што градот кој го водел 10 години го оставил без доволно болнички возила, а како премиер 4 години ниту во Струмица, ниту во било кој друг град набавил амбулантни возила,, реагираше опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Остави коментари