Филип Григоров: Лицата со попреченост не се само бројка
Foto

Филип Григоров: Лицата со попреченост не се само бројка

„Верувам во внатрешниот глас и му дозволувам да ме води напред, мојата мисија е да бидам најдобрата верзија од себе и да им помогнам на луѓето околу себе - децата и лицата со попреченост не се само статистички податок, тие се личности со име и презиме и имаат право на да ги уживаат загарантираните слободи и права“ вели студентот Филип Григоров од Свети Николе.

Филип не крие за својата „попреченост“, како дете со церебрална парализа вели тежок бил процесот од почетокот при обидот за да го започне своето образовно патешествие.

Вратите за него во училиште биле тешко достижни – уште потешко е вели да се живее во општество со предрасуди и стереотипи само затоа што си поразличен. Филип вели потребни се законски измени кои ќе им овозможат целосна инклузија во системот, од образовна, социјална, до здравствена заштита.

Дискриминацијата ја почувствувал на сопствена кожа, но не дозволил да биде изолиран. Вели големите институции потребно е да ги отворат вратите за нив, особено при вработување.

Филип потенцира би можеле да зборуваме за еднакво општество само кога во државните институции ќе видиме министри, градоначалници, па и премиер или претседател.

Повеќе од разговорот кој што следува во продолжение.

0 Коментари

Остави коментари