Филаделфија, Торонто и Портланд се пласираа во четвртфиналето од НБА плејофот
Foto

Филаделфија, Торонто и Портланд се пласираа во четвртфиналето од НБА плејофот

Екипите на Филаделфија, Торонто и на Портланд изборија учество во четвртфиналето од разигрувањето за шампионската титула во НБА-лигата.

Трите екипи ноќеска забележаа победи над своите ривали и осминафиналната серија ја завршија со 4-1.

Постигнати резултати:

Филаделфија – Бруклин 122:100

Торонто – Орландо 115:96 и

Портланд – Оклахома 118:115.

Во следната фаза Филаделфија ќе игра со Торонто, додека Портланд го чека својот ривал.

На четвртиот меч одигран ноќта меѓу вторник и среда, Денвер го победи Сан Антонио со 108:90 и поведе со 3-2. 

0 Коментари

Остави коментари