Фијаско во разговорите меѓу историските комисии на Македонија и Бугарија
Foto

Фијаско во разговорите меѓу историските комисии на Македонија и Бугарија

Голема кавга во Комисијата за историски прашања - главниот проблем е придавката македонски. Дводневната средба на македонско бугарските историчари во која сите се крстеа на решение, заврши како тотално фијаско со префрлувања и одрекувања за време на прес конференцијата меѓу двајцата копретседатели Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев. Единственото за коешто се согласија и двајцата е дека има нула напредок. 

Проблемите продолжиле и во делот на историските личности. Ѓоргиев обвини дека Димитров сака да ги наметне само бугарските тези. Настрада можниот компромис за Гоце Делчев, но се проблематиризаше и цар Самуил во однос како биде интерпретирана неговата улога во учебниците.

Димитров повторно на сцена ја врати Коминтрерната иако не негираше сегашно постоење на македонската нација. 

Впечаток е дека денешната средба на некој начин беше минирана. И двете страни настапија со тврди ставови кои веќе ги имаа. Оптимистична е само најавата дека следната недела Комисијата пак ќе се состане онлајн. 

Станува се поизвесно дека европската врата за Македонија нема да се отвори овој декември.

0 Коментари

Остави коментари