Фестивалот за критичка култура - КРИК
Foto

Фестивалот за критичка култура - КРИК

Недостатокот на критичката култура во нашето општество резултираше со формирање на Фестивалот за критичка култура-КРИК, кој своите почетоци ги има пред 4 години, инсистирајќи уметничките и културните практики да добијат политичка релевантност, со што ќе се покаже дека истите не се изолирани во општеството, истакна програмскиот директор на фестивалот, Искра Гешовска. 

Според Гешовска, постои привид во создавање на критична култура и критична маса, коишто се главниот проблем, за непостоење на перспектива за темелна критична аргументација , која што пак е нужна за да може да се зборува за постоење на критична маса.

Крик низ годините се разви во фестивал којшто е привлечен за различни генерации , нудејќи интересни говорници и тематики, внимателно одбрани во согласност со локалните, социо-културните и политичките динамики, поврзани со случувањата во Европа и светот.

Во текот на вториот дел од 4то издание на КРИК, кое започнува вечерва ,во галеријата Чифте Амам, ќе гостуваат познатите теоретичари и филозофи како, Ариеане Шпаниер, Борис Буден, Бранислав Димитријевиќ, Стефан Новотни, како и голем број домашни учесници.

0 Коментари

Остави коментари