Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“
Foto

Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ започнува традиционално на 8-ми Септември, на Денот на независноста и оваа година ќе трае до 12. овој месец, учество ќе земат театри од земјата, но и од Хрватска и Бугарија. 

На фестивалот се доделува единствена награда за високо актерско достигнување, златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра.

Меѓу досегашни добитници на наградата за високо актерско остварување „Ристо Шишков” се: Сенко Велинов, Игор Џамбазов, Диме Илиев, Зора Георгиева, Перихан Ејупи, Јоана Поповска, Владимир Илиевски, Елена Моше, Петар Темелковски, Митко С. Апостоловски, Ѕвезда Ангеловска, Соња Михајлова, Васил Зафирчев.

Минатата година наградата ја понесе Благоја Чоревски, кој оваа година ќе биде носител на жири комисијата, која за наградата „Ристо Шишков“, ќе одлучува помеѓу 50-тина актери.

0 Коментари

Остави коментари