Ферстапен: Очекувам со новиот мотор да бидеме поблиску до Ферари
Foto

Ферстапен: Очекувам со новиот мотор да бидеме поблиску до Ферари

Во предвечерјето на четвртата трка од сезоната, во Азербејџан, екипата од Ред Бул се оптимисти за новиот мотор. Нивниот снабдувач, Хонда им обезбеди нмов, надграден мотор, кој треба да биде за 20 коњски сили помоќен од претходниот. Тоа му дава надеж на Макс Ферстапен дека ќе се доближи до водечките или барем до Ферари, без разлика што и досега имаше солидни резултати.

„Навистина сум среќен, бидејќи и понатаму се трудиме да го надградиме болидот. Мислам дека минатата година покажав дека дури и да почнете од ниско, можете да завршете на добро место на крајот на трката. Не мислам дека тоа ќе биде голем проблем. Ќе бидам среќен ако до крајот на сезоната ја намалиме разликата меѓу нас и Ферари, дури и по цена да искористиме повеќе мотори од нив“, изјави Ферстапен.

0 Коментари

Остави коментари