Ферари ќе ја ажурира електрониката на болидите пред трката во Шпанија
Foto

Ферари ќе ја ажурира електрониката на болидите пред трката во Шпанија

Шефот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното, рече дека на болидите ќе биде обновената електрониката пред настапот на трката од свесткиот шампионат за Големата награда на Шпанија.

„Традиционално во Шпанија, повеќето тимови прават промени. Затоа, очекува подобрени перформанси на конкурентите. Ние знаеме што треба да направиме. Ќе ја финализираме аеродинамиката и ќе инсталираме нови посилни агрегати кои ќе бидат ажурирани пред време, бидејќи овој зафат беше планиран да го направиме за трката во Канада“ - изјави Биното.

По четири трки во Ф1 шампионатот, возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Лекелр се на третото, односно петтото место во генералниот поредок. 

0 Коментари

Остави коментари