Федерер против Ѓоковиќ во финалето на Вимлдон
Foto

Федерер против Ѓоковиќ во финалето на Вимлдон

Првиот и вториот носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се изборија за меч за пехарот на неофицијалното тениско Светско првенство.

Поатрактивно беше полуфиналето меѓу Федерер и Рафаел Надал, најголемите ривали во 21. век, кои се сретнаа на Вимблдон првпат по финалето во 2008 година. Федерер славеше со 3-1 во сетови, земајќи го првиот во тајбрејк (7-3), третиот со 6-3 и четвртиот со 6-4. Во меѓувреме Надал го освои вториот сет со 6-1, а потоа покажа Фајтерска борба, спасувајќи четири меч-топки пред да биде покорен.

Претходно и Ѓоковиќ победи со 3-1 во сетови, против друг Шпанец, Роберто Баутиста Агут. Иако загуби двапати оваа сезона од него, успеа да ја надмине таа психолошка бариера и да продолжи кон одбрана на пехарот, славејќи со 6-2, 4-6, 6-3, 6-2. Ова е 48. меч меѓу Федерер и Ѓоковиќ (22-25), петто финале на грен-слемите. Во завршницата на Вимблдон досега играа двапати, во 2014 и во 2015 и во двата наврата славеше Србинот.

0 Коментари

Остави коментари