Федерер по десетти пат го освои турнирот во Базел
Foto

Федерер по десетти пат го освои турнирот во Базел


Швајцарецот Роџер Федерер го освои турнирот во родниот Базел по јубилеен 10-ти пат. Тој попладнево во финалето го совлада Алекс Де Минаур од Австралија со 2-0.

Федерер двата сета ги доби со по 6:2, 6:2. Мечот траеше 1 час и 9 минути. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше два милиона евра.

0 Коментари

Остави коментари