Фантастичен круг на Леклер за пол позиција во Спа
Foto

Фантастичен круг на Леклер за пол позиција во Спа

Патеката во Спа одговара на болидот на Ферари поради долгите превци и брзите свиоци па се очекуваше тимот од Маранело да понуди најмногу.

Шарл Леклер на слободните тренинзи покажа дека за нијанса е подобар од конкурентите, и младиот возач од Монте Карло тоа го демонстрираше и на денешните квалификации.

Со фантастичен круг и време од 1:42.519, Шарл Леклер стигна до пол позиција на ГН на Белгија, негова трета оваа сезона.

Себастијан Фетел застануваше многу зад својот тимски колега, мала утеха за Германецот е тоа што во својот втор брз круг успеа да постави подобро време од Луис Хамилтон и утре да стартува од првиот ред.

Британецот, кој на третиот слободен тренинг се заби во заштитната ограда и неговите механичари напорно работеа за да го оспособат болидот, сигурно ќе биде задоволен со својот пласман на третото место.

Друштво во вториот ред утре ќе му прави тимскиот колега Валтери Ботас, а потоа следуваат Макс Верстапен, Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг, Кими Раиконен, Серхио Перез и Кевин Магнусен.

0 Коментари

Остави коментари