Ф1 тимот на Рено се ребрендираше во Алпин
Foto

Ф1 тимот на Рено се ребрендираше во Алпин

Францускиот тим во Формула 1, Рено официјално го смени името и амблемот. Од денес нивното ново име е Алпин.

Тимот веќе го смени името на профилот на Твитер, како и боите од жолта во црна, сина, бела и црвена.

Според „Диарио Спорт“, има промени во раководството на тимот. На Алпин му се придружија поранешниот шеф на „Сузуки“ во Мото ГП, Давиде Бривио и Лоран Роси, кој ја презеде функцијата извршен директор и комерцијален директор. Кирил Абитебул го напушти Алпин.

Рено заврши како петти во поредокот на тимот Формула 1 во 2020 година.

Новата сезона започнува со Големата награда на Бахреин на 28 март.

0 Коментари

Остави коментари