Британскиот возач во Формула 1 Ландо Норис (21) е позитивен на Ковид-19, соопшти денеска неговата екипа Мекларен.
Норис бил тестиран на коронавирус, откако го загубил чувството за вкус и мирис.
-Се чувствувам добро и немам други симптоми, објави Норис на својот Твитер профил.
Норис е четвртиот возач во Формула 1, кој се зарази со вирусот, откако минатата година позитивни на Ковид-19 беа светскиот првак Луис Хамилтон, Серхио Перез и Ланс Строл.
0 Коментари