Ф1 квалификации: Хамилтон и Ферстапен утре од првиот ред во Австрија
Foto

Ф1 квалификации: Хамилтон и Ферстапен утре од првиот ред во Австрија

Силно невреме, со дожд и ветер денеска го прекина третиот слободен тренинг на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија, пред трката за Големата награда на Штаерска и го доведе под знак прашалник одржувањето на квалификациите за неделната трка.

Сепак, организаторите решија дека условите дозволуваат пилотите и болидите да се најдат на патеката во обид да се стигне до најбрзиот круг што носи привилегирана позиција на утрешната трка. Како се ближеше крајот на квалификациите, дождот во Австрија се засилуваше.

Во дождливи услови, најдоброто време во кавалификациите го имаше актуелниот шампион, Луис Хамилтон, а втор на квалификациите заврши пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

Од вториот ред на утрешната трка ќе стартуваат Сајнц и Ботас.

0 Коментари

Остави коментари