Ф1 ќе се вози во Силверстоун, барем уште пет години
Foto

Ф1 ќе се вози во Силверстоун, барем уште пет години

Пред трката за Големата награда на Велика Британија, организаторите на трката и претставниците на Формула 1 успешно ги завршија преговорите за продолжување на договорот со „Силверстоун“.

Најбрзиот циркус на светот, барем, уште пет години ќе се одвива и на легендарната патека на која се одржала првата Ф1 трка, пред 69 години. Задоволството од потпишаниот договор во Лондон не го криеше член на Чејс Кери, кој уште еднаш истакна дека од почетокот на преговорите тие за продолжување на соработката. „Многу сме задоволни со фактот дека трката во Англија ќе се вози и во следните пет години во ‘Силверстоун’.

„Секогаш зборувавме дека целта ни е да ги зачуваме историските трки. Уште од 1950 година се вози Ф1 на оваа територија, па логично беше да ја зачуваме во календарот“, кажа Кери.

Воодушевување од потпишаниот договор не го криеше ниту првиот човек на „Бритиш Рејсинг Драјверс“, кој кажа дека догодина ќе биде 70 години од првата трка на „Силверстоун“. Трката во „Силверстоун“ е една од најпосетените во календарот на Ф1 со над 680.000 фанови во последните две години.

0 Коментари

Остави коментари