Ф1 го објави календарот за првите осум трки
Foto

Ф1 го објави календарот за првите осум трки

Формула 1 го обелодени официјалниот календар за првата фаза од сезоната 2020, која ќе почне на 5 јули во Австрија. Со цел да се намали фреквенцијата на патувања меѓу земјите, првите осум трки ќе се одржат во Европа, а две патеки ќе бидат двојни домаќини на гран-при.

Таква ќе биде Ред бул ринг, на 5 и на 12 јули, по што Ф1-карванот ќе се пресели во соседната Унгарија. Трката на Хунгароринг е планирана за 19 јули, а потоа ќе следува двонеделна пауза пред Силверстоун. Официјалното обележување на 70-годишнината од почетокот на Формула 1 ќе се случи на 2 август, на Силверстоун, а седум дена подоцна ќе се вози и втората трка на легендарната британска патека.

Потоа ќе следува Шпанија, исто така без да биде прескокнат викенд, а по двонеделна пауза, европската обиколка ќе заврши со Спа на 30 август и со Монца на 6 септември. Се очекува Формула 1 и ФИА да го одобрат календарот за трките потоа, како што најавија, во Евроазија, што би значело големите награди на Русија и на Азербејџан, за во Октомври Ф1 да се пресели на Далечниот Исток. 

Поради пандемијата со коронавирусот, одложени или откажани беа првите 10 трки од оригиналниот календар за сезоната 2020 и сега уште е непознато колку точно трки ќе содржи ревидираниот, принуден календар.

Foto

0 Коментари

Остави коментари