Европската Унија обвинува дека производителите на вакцини не го почитуваат договорот
Foto

Европската Унија обвинува дека производителите на вакцини не го почитуваат договорот

Европската унија ја обвинува компанијата Фајзер дека и покрај договорот, не може да ги испорача новите количини на вакцините. Земјите членки размислуваат и за тужба против АстраЗенека, за кршење на договорната обврска за роковите за доставување.

Од Европската комисија велат дека отсега сите компании што произведуваат вакцини против Ковид-19 во ЕУ, ќе треба претходно да ја известат Унијата доколку сакаат да доставуваат вакцини во трети земји. Сепак, хуманитарните испораки ќе бидат изземени од оваа мерка.

„ЕУ ќе стори се што може за да ги заштити своите граѓани и нивните права. Европската унија со 2,7 милијарда евра го поддржа забрзаниот развој и производството на неколку вакцини против Ковид-19. Ние сакаме појасни трансакции и целосна транспарентност на извозот на вакцини од ЕУ.“ - изјави Стела Киријакидес еврокомесарка за здравство.

Кога станува збор за вакцинација, Европската унија заостанува зад Британија и САД. По првичните организациски проблеми во кампањата за вакцинација, вакцините сега и недостасуваат на Унијата. Во меѓувреме во соседна Србија за седум дена треба да стигаат 250.000 дози од руската вакцина, а во февруари ќе стигнат и повеќе од 100.000 дози на вакцината на „Фајзер“. Српските власти ги привршуваат и разговорите со АстраЗенека. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија набавила уште 10.000 дози вакцини.

Светот денес е како Титаник, богатите се обидоа чамци за спасување да обезбедат само за себе. Богатите и големите. А нас да не остават без ништо, да потонеме заедно со Титаник. добивме уште 10.000 нови вакцини. И ќе успееме и ќе победиме заедно.“ - изјави Александар Вучиќ претседател на Србија.

Властите во Хрватска изразија стравување дека ќе мора да го запрат процесот на вакцинација, поради недостаток на вакцини.

0 Коментари

Остави коментари