Европската Унија и НАТО со честитки до Македонија
Foto

Европската Унија и НАТО со честитки до Македонија

Првата честитка од Грција до македонскиот премиер за изгласаните уставни измени пристигна вчера од Алексис Ципрас.

 „Премиерот му честиташе на господинот Заев за успешното завршување на процесот на ревизија на уставот на ПЈРМ, врз основа на договорот од Преспа“ , соопштија од кабинетот на Ципрас.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас преку неговиот официјален твитер профил ѝ порача добредојде на Северна Македонија.

Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, на заморот, на тензиите, на довербата и надежите што ги поминавме работејќи на договорот... сонувавме заедничката иднина за двата народа... Северна Македонија, добредојде во нашиот живот“ - напиша на Твитер, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас.

Посредник во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, го поздрави изгласувањето на уставните измени.

Овој историски договор меѓу двата соседи ја отвора вратата за нов однос меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Очекувам целосно комплетирање на процесот како што е предвидено во договорот.“ - се вели во пораката на Метју Нимиц.

Претходно и високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан упатија честитки по изгласувањето на уставните измени. Според нив ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од своја страна му испрати директна порака на премиерот зоран заев за да му честита за гласањето на Собранието, НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.

Во пораката објавена на фб профилот на американската амбасада во Скопје, амбасадорот Бејли вели дека кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој договор конечно ќе го реши спорот со името.

Ги поздравувам вашите лидери во владата и во собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето на решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на македонија на прво место. со нетрпение чекаме да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30. членка на нато и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион, нагласи Бејли.

0 Коментари

Остави коментари