Европа ги отвори вратите ширум за бегалците од Украина

Никогаш немало добра војна или лош мир. Мирот е доблест на цивилизацијата - војната на злосторството и ништо нема да стави крај на војната, доколку самите луѓе не одбијат да војуваат. Уметноста на војувањето е уметност на уништувањето на луѓето - големите умови носат големи пораки. Војната пак носи тага, загуба и бегалци. Луѓе кои ги напуштиле своите домови во потрага по живот. Ова издание на Европат го посветуваме токму на нив, на бегалците од војната во Украина.