ЕВН: Од 15 април броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки
Foto

ЕВН: Од 15 април броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и коригирани сметки

Од ЕВН пак преку соопштение информираат дека во периодот од 15 март до 15 април годинава отчитувањата не се реализираа бидејќи евн ги почитувала препораките на регулаторната комисија за енергетика и здравствените власти за да се спречи ширењето на коронавирусот. Поради тоа за сите корисници биле изготвени проценети фактури, а исклучок биле корисниците чии броила се со двонасочна врска т.е. нивната потрошувачка постојано се мониторира.

„Од 15 април веќе почнаа да се отчитуваат броилата и во месец мај корисниците добија порамнети сметки. Оние кои претходно имале помала претпоставена потрошувачка добија повисоки сметки, а оние кои имаа поголема претпоставена потрошувачка помали сметки. сите корисници кои доставија состојби за корекција добија корегирани сметки. ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка“- стои во соопштението на ЕВН.

0 Коментари

Остави коментари