ЕВН и ЕЛЕМ Трејд ќе се тркаат за универзален снабдувач на домаќинствата со електрична енергија
Foto

ЕВН и ЕЛЕМ Трејд ќе се тркаат за универзален снабдувач на домаќинствата со електрична енергија

ЕВН и ЕЛЕМ Трејд влегоа во трката за избор на универзален снабдувач кој од март наредната година ќе треба да обезбеди електрична енергија за над 500.000 домаќинства во земјава. Тендерот заврши денеска, следува еваулација на понудите која може да трае максимум 86 дена, но Комисијата ветува дека изборот ќе падне побрзо, можеби до Нова Година. Пресудно при изборот на компанијата ќе биде најниската маржа. Првично ЕВН понуди бруто-маржа од 14,4 проценти, а Елем Трејд 14,9 проценти, но по еваулацијата ќе има негативно наддавање каде се очекува маржата да паѓа.

„Тие што ги исполнуваат условите ќе бидатпоканети да учествуваат на негативно надавање односно ќе се спроведе електронска аукција на негативно надавање на понудената маржа. Почетната маржа ќе биде најниската маржа од овие две понуди. Пониската.“ - вели Глигор Каневче, МАНУ.

Иако се очекуваше поголем интерес на тендерот, за Комисијата и овој е добар бидејќи ова е прв ваков тендер во регионот. Во земјава има над 20 компаниии кои имаат лиценца, но активни се 7 – 8.

„Со ова се покажува дека бизнисот во регулиранотоснабдување е интересен за снабдувачите на електрична енергија во Македонија. Треба да се знае дека и постоечките снабдувачи на слободниот пазар никој немал искуство во снабдување на голем број потрошувачи.“ - вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Доколку на овој тендер не се избере универзалниот снабдувач, Владата во рок од три месеци треба да распоше нов. Доколку и тој пропадне Владата ќе може да назначи компанија која ќе ги снабдува граѓаните со електрична енергија. Ако се одолговлечи постапката, до изборот на универзален снадбувач граѓаните со струја ќе ги снабдува постоечкиот снадбувач ЕВН Македонија. Владата излезе со прогноза дека за домаќинствата барем во првата година е побезбедно да ги снабдува универзалниот снабдувач, отколку да излезат на слободниот пазар.

0 Коментари

Остави коментари