ЕУ ќе воведува Ковид пасоши
Foto

ЕУ ќе воведува Ковид пасоши

Лидерите на Европска Унија се согласија да продолжат да работат на сертификати за вакцините, со кои би се овозможил туризмот оваа лето.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави  дека дигиталниот сертификат за вакцинација, кој ќе им овозможува на луѓето да патуваат низ Европа и покрај пандемијата коронавирус, веројатно ќе бидат достапни пред летото.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација. Мораме да се подготвиме дека ќе мораме континуирано да се вакцинираме подолг временски период поради новите видови на коронавирусот.“ - изјави Ангела Меркел – канцеларка на Германија.

Германската канцеларка рече дека на ЕК ќе и бидат потребни околу 3 месеци да развијат техничка основа за таков документ. Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изрази уверување дека е можно постигнување на таквата цел. 

„Системот ќе поддржува информации за вакцинација на една личност, негативен тест за PCR или имунитет. Потребна ни е брза имплементација доколку сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летото.“ - изјави Урсула Фон дер Лајен.

Лидерите на 27 земји-членки на Унијата потврдија дека ќе ги задржат „цврстите ограничувања“ на јавниот живот и слободното движење поради појавата на новите видови на вирусот.

Претседавачот со Самитот на ЕУ и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел побара „поголема предвидливост и транспарентност“ од фармацевтските компании кои не ги испорачаа договорените количини вакцини, поради што не може да се реализира целта – вакцинирање на 70 отсто од возрасното население во ЕУ до крајот на летото.

0 Коментари

Остави коментари