ЕУ го поддржа рушењето на дивоградбите во Скопје
Foto

ЕУ го поддржа рушењето на дивоградбите во Скопје

Продолжи урувањеето на дивоградби на охридското крајбрежје. Денеска и евроамбасадорот Гир и премиерот Заев ја подрржаа акцијата на општинските власти.. 

На дивоградбите не им е местото покрај охридското езеро и треба да се отстранат, напиша денеска на Твитер амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Евроамбасадорот смета дека уникатното природно и културно богатство во регионот - признато од Унеско - мора да се зачува.

Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција“ за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува општина Охрид.

0 Коментари

Остави коментари