ЕУ финансира набавка на брзи тестови за коронавирус
Foto

ЕУ финансира набавка на брзи тестови за коронавирус

100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за ковид-19, издвои Европската Комисија.

Според претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен  брзото тестирање, со брзи резултати, е клучно во оваа ситуација. Таа најави и заедничка набавка што ќе им овозможи на европските земји да дојдат до дополнителни тестови.

- Ова треба да ни помогне да го забавиме вирусот. Во ова сме заедно, истакна Фон дер Лајен.

 

0 Коментари

Остави коментари