Еспер: САД со план да останат со „помалку од 5.000“ војници во Авганистан до крајот на ноември
Foto

Еспер: САД со план да останат со „помалку од 5.000“ војници во Авганистан до крајот на ноември

САД планираат да го намалат своето воено присуство во Авганистан на помалку од 5.000 лица до крајот на ноември, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер. Во моментов, Контигентот на САД во Авганистан е околу 8.600 војници.

На 29 февруари САД и талибанците потпишаа мировен договор Според кој САД, сојузниците и меѓународната коалиција ќе ги повлечат сите трупи од Авганистан во рок од 14 месеци. Талибанците, од своја страна, гарантираат дека нема да ја користат авганистанската територија за активности што ја загрозуваат безбедноста на САД и сојузниците.

0 Коментари

Остави коментари