ЕСЕ: Да се утврдат причините за доенечката смртност и да се зголеми улогата на медицинските сестри пред и по пораѓајот

Највисока стапка на смртност кај доенчињата имало 2016-та година, прв по смрт кај новороденчињата бил Полошкиот регион со 15,6 умрени на 1.000 живородени во 2016. година, 

Повеќе доенчиња умирале од мајки кои живеат во рурални средини во споредба со оние од урбаните средини - ова се само дел од податоците изнесени на конференцијата на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените кое ја претстави анализата на состојбите по однос на перинаталната и доенечка смртност во Македонија во периодот од 2011 до 2017 година.

Според податоците во анализата од 7,9 умрени доенчиња на 1.000 живородени во 2011. бројот на починати пораснал на 11,9 во 2016 година, што за 5 години преставува пораст за 4 умрени доениња на 1.000 жители.

Во 2018 и 2019 година стапката на умрени доенчиња опаѓа на историски најниско ниво и изнесува 5,6 умрени на 1.000 живородени.