Ердоган се закани со офанзива во североисточна Сирија
Foto

Ердоган се закани со офанзива во североисточна Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани дека ќе преземе еднострана офанзива во североисточна Сирија ако не се реализираат плановите со САД за воспоставување на така наречена зона на безбедност долж границата со Турција, а коридорот да го контролираат турски војници.

Ердоган пред дипломците на воената академија во Истанбул истакна дека САД имаат три недели да ги исполнат барањата на Турција.

Турски и американски претставници претходно се договорија за воспоставување на безбедносна зона источно од Еуфрат. Анкара исто така сака и сириските Курди, кои ги смета за терористи, да се повлечат од границата.

– Ако нашите војници не почнат активно да ја контролираат зоната, нема да имаме избор туку ќе ги активираме сопствените оперативни планови, посочи Ердоган.

Тој додаде дека на Генералното собрание на Обединети нации во текот на месецов ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе биде „последна шанса“ пред евентуалната турска офанзива.

0 Коментари

Остави коментари