Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за нападот на Конгресот на 6. јануари, додека најмалку 280 лица се уапсени, изјави заменикот вршител на должност јавен обвинител, Џон Карлин.
-Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното“ - рече Карлин.
Приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на 6. јануари и ја демолираа во време кога се потврдуваа електронските гласови од претседателските избори.
0 Коментари