Енис Барди двоен стрелец за Леванте, Елиф Елмас асистент кај Наполи
Foto

Енис Барди двоен стрелец за Леванте, Елиф Елмас асистент кај Наполи

Македонските фудбалски репрезентативци Енис Барди и Елиф Елмас синоќа имаа забележителни настапи за своите тимови во шпанското и италијанското првенство.

Во рамки на 11. коло во шпанската Ла Лига, екипата на Леванте одигра нерешено 2-2 против актуелниот шампион Атлетико Мадрид, а двоен стрелец за домашната екипа беше токму Барди.

Македонскиот репрезентативец прво во 37. минута го израмни резултатот на 1-1 со прецизен удар од белата точка, а на идентичен начин во 90. минута Барди му донесе бод на својот тим против фаворитот.

Леванте се уште е без победа во новата сезона и со ефект од шест нерешени и пет порази е последнопласиран на табелата.

Наполи во Серија А се искачи на лидерското место, откако на домашен терен убедливо ја совлада Болоња со 3-0 во 10. коло.

Водството на Наполи му го донесе Фабиан Руиз во 18. минута на асистенција на Елмас, по што Лоренцо Инсиње со два гола од пенал (41., 62.) го постави конечниот резултат.

Наполи е првопласиран со ист број бодови како и вториот Милан (28), седум повеќе од актуелниот шампион Интер на третото место.

0 Коментари

Остави коментари