Емирот од Катар - 20 милиони долари за поддршка на Глобалната алијанса за вакцини и имунизација
Foto

Емирот од Катар - 20 милиони долари за поддршка на Глобалната алијанса за вакцини и имунизација

Емирот од Катар, Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани се обрати на „Светскиот самит за вакцинирање 2020 “ во Лондон и објави дека Катар ќе даде помош од 20 милиони долари во идејата да се соберат 7,4 милијарди американски долари за да се заштити следната генерација со вакцини, да се намали нееднаквоста во болести и за создавање поздрав, побезбеден и попросперитетен свет.

Во својот говор, тој ја повтори поддршката на Катар на СЗО во борбата против пандемијата од КОВИД-19. 

– „Пандемијата „Ковид-19“ е невиден предизвик и закана за целото човештво, на сите нивоа. Во отсуство на ефективна вакцина или третман, некои земји и заедници се најдоа пред два избора, а и двата се горчливи. Или да се заштитат себеси со заклучувања (што може да ја парализира економијата) - или да не се жртвува економијата, но да се ризикува животот на луѓето. Со оглед на значењето на човековата солидарност во овие тестови, понудивме за над 20 држави ширум светот медицинска помош, вклучувајќи медицинска испорака и снабдување, како и изградба на болници на терен, покрај 140 милиони долари финансиска помош на мултилатералните здравствени установи кои работат на развојот за вакцината и гарантирање на ефективноста на медицинската нега, особено во земјите во развој. – се вели во обраќањето на Емирот.

0 Коментари

Остави коментари