Елмас и другарите го задржаа првото место, сефте победа за Интер
Foto

Елмас и другарите го задржаа првото место, сефте победа за Интер

Единствениот македонски репрезентативец во Лигата на шампионите, Елиф Елмас, одигра десетина минути за Наполи, доволно да се израдува на победата со 3-2 на гостувањето кај Салцбург. Богатиот резултат беше веќе завршена работа кога Елмас влезе од клупата, во 80. минута и тој само му помогна на Наполи да го сочува она што го создаде претходно. Калчолигашот двапати водеше, а Австријците двапати изедначуваа.

Прво Мертенс погоди во 17. минута, а потоа во 40. Минута Торган Азар погоди од пенал. Белгиецот со својот втор гол ја врати предноста на Наполи во 64. минута, но неговиот сонародник и вторпат ги изррамни сметките и меѓу нив и меѓу Салцбург и Наполич Човек на одлука се покажа Лоренцо Инсиње, во 73. минута, кратко откако влезе во игра. Со новите три бода, Наполи остана на првото место и покрај победата на Ливерпул со 4-1 на гостувањето кај Генк. Салцбург има сè помалку шанси за изненадување, со три бода на третата позиција. Во дербито на денот, во групата Ф, Интер ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0, запишувајќи прва победа во ЛШ сезонава.

Лаутаро Мартинез од првата шанса за нераѕурите го отвори резултатот, во 22.минута, а потоа Борусија ја презеде иницијативата, но без успех. Аргентинскиот шпиц шутираше и пенал во 82. минута, но неговиот удар беше запрен, сепак, тоа што не му успеа нему, го стори Кандрева во 89. минута за конечни Интер – Борусија 2-0. Во истата група победа славеше и Барселона, со 2-1 кај Славија Прага, така што, Каталонците останаа суверени на врвот од табелата со 7 бода, Интер и Борусија ги следат со по четири, Славија има само еден. ГРУПА Е Генк – Ливерпул 1-4 Салцбург – Наполи 2-3 ТАБЕЛА: Наполи 7, Ливерпул 6, Салцбург 3, Генк 1 ГРУПА Ф Интер – Борусија Д. 2-0 Славија П. – Барселона 1-2 ТАБЕЛА: Барселона 7, Интер 4, Борусија Д. 4, Славија П. 1 ГРУПА Г Бенфика – Лион 2-1 Лајпциг – Зенит 2-1 ТАБЕЛА: Лајпциг 6, Зенит 4, Лион 4, Бенфика 3 ГРУПА Х Лил – Валенсија 1-1 Ајакс – Челси 0-1 ТАБЕЛА: Акалс 6, Челси 6, Валенсија 4, Лил 1

0 Коментари

Остави коментари