Ексвработените во Охис пак на протест
Foto

Ексвработените во Охис пак на протест

Повеќе од илјада поранешни вработени во Охис се уште не можат да ги добијат платите што им ги должи државата.

„Не третираат како пинг понг топче, од една институција одиме во друга, сите си ја префрлаат надлежноста“, се пожалија и денеска на нов протест пред владата.

Голем број од вработените немаат земено околу 24 плати. И по продажбата на дел од имотот на охис велат никој не зборува за нивните долгови. Од владата остануваат на ставот дека стечајната постапка на Охис е завршена и спроведена од судските и стечајните органи, а во тој процес велат владата немала ингеренции.

 

 

 

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари