Експлодира градобијна ракета, двајца повредени
Foto

Експлодира градобијна ракета, двајца повредени

Двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување се повредени при експлозија на стара градобијна ракета што била транспортирана од Хидроиметеролошкиот завод во Свети Николе.

Пиротехничарите, со повреди на лицето и рацете, биле згрижени во кумановкста болница, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Директорот на дирекцијата Аднан Џаферовски за телевизија 24 вели дека станува збор за експлозија на градобијни ракети од бивша Југославија кои дирекцијата ги собирала и еднаш годишно ги уништува на Криволак.

На местото на настанот увид прави полицијата по налог на јавен обвинител, а истрагата треба да покаже како дошло до ескплозија.

0 Коментари

Остави коментари