Експертите предупредуваат на поскапа цена на струјата
Foto

Експертите предупредуваат на поскапа цена на струјата

Цената на струјата за домаќинствата ќе биде поскапа за 10 до 15 проценти – предупредуваат познавачите. Дури и да потфрли домашното производство, струја на светските пазари има но таа е скапа, новата цена ќе се прелее врз грбот на граѓаните. 

Експертот за енергетска ефикасност, Игор Панчевски, во вечершаното издание на емисијата Трилинг, вели енергетска криза имаме, можни се рестрикции – надлежните задоцнија со подготовките. 

Од ЕСМ и денеска за ТВ24 велат струја за домаќинствата има – простор за паника нема. Но колкави се резервите на јаглен во РЕК Битола не откриваат. 

ЕСМ - „Производството на електрична енергија е стабилно и снабдувањето на домаќинствата се одвива редовно и непречено. Како што беше изнесено по заедничкиот состанок на енергетските компании и РКЕ, сите енергетски и други надлежни институции работат на заедничко решение и вложуваат координирани напори за надминување на настанатата состојбата.“

На 2 ноември, пак истекува рокот на јавниот повик за набавка на 900 илјади тони јаглен за потребите на третиот блок во РЕК Битола – струја која, според информациите, треба да ги задоволи потреби на стопаснтвото и институциите. Стопанството веќе се соочува со проблеми – а од МЕПСО иако побравме денеска одговор не добивме. Не одговорија ниту на нашите телефонски повици. Останува незивесно дали стопаснтвото би можело да се соочи со рестрикции на струјата во следниот период. 

Надлежните спасот од енергетската криза го гледаат во активирање на домашните  капацитети. 

- Од 1 ноември најавено е дека со работа стартува Маврово. 

-Откако се набавија 300 илјади тони јаглен - кон средината на ноември во функција треба да биде ставен и ТЕЦ Осломеј. 

- А при крај е и сценариото за активирање на ТЕЦ Неготино. И денеска оттаму за ТВ24 велат иако за старт  имаат,  во следните десетина дена ќе има јавен повик за набавка на мазут. Ако се активираат двата котли месечно ќе им бидат потребни околу 40 000 тони. Иако овој објект не работи повеќе од 10-тина години, од таму уверуваат дека постојано се прават проверки и централата е подготвена веднаш да почне со работа. 

Сепак засега функционираат само два блока во РЕК Битола – а на состанокот со енергетските компании кој се одржа пред неколку дена, беше одлучено дека нема услови за воведување на кризна енергетска состојба во земјава барем до Нова Година. Надлежните до крајот на годинава гарантираат дека цената на струјата за домаќинствата ќе остане непроменета – но гаранции по нова година нема.  

0 Коментари

Остави коментари