Експертите бараат намалување на бројната администрација, владата вработува?
Foto

Експертите бараат намалување на бројната администрација, владата вработува?

Владата призна дека администрацијата ќе расте, но само ако институциите тоа го предвиделе во годишниот план за вработување. Тоа значи дека и во веќе објавените над 400 огласи за вработување во државните институции, но и во тие што ќе се објавуваат деновиве, до февруари кога треба да се распишат претседателските избори, можно е да има и нови вработувања. Првично сите категорично тврдеа дека се работи само за пополнување на испразнети места и продолжување на договори кои истекле.

„Се разботи за пополнување на слободните места кои се ослободиле во текот на 2018 и вработувања кои се врз основа на годишните планови за вработувања на одредени институции.“ - изјави Мухамед Хоџа портпарол на Влада.

И од Царина немаат одговор како со првичниот оглас објавен лани поради зголемен обем на работа барале 58 лица, за во новиот објавен вчера - пак поради зголемен обем на работа, бројката да се искачи на 78. А во моментов тврдат дека немаат други вработени на определено време. Велат дека е законски и тоа што огласот трае од вчера до утре, бидејќи законот бара минимум три дена заедно со денот на објавувањето.

„Во објавениот јавен оглас нема нови работни места, односно истите се предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа. Се пополнуваат оние работни места кои се испразнети поради различни основи (пенизонирање, откази по барање на работник, починати и слично)“- велат од Царинската управа.

Царина тврди дека од 2015 немало нови вработувања. Министерот Тевдовски нема бројка колку барања за согласност за вработување стигнале од институциите до него, но вели бројот на вработени на неопределено време не е зголемен. Но, речиси во сите огласи кои сега се објавуваат се бараат лица на определено време најчесто на 1 година.

„Бројката на вработени во редовен работен однос во сите елементи на системот ако се погледне со крајот на мај 2017 не е зголемен.“ - вели Драган Тевдовски, министер за финансии.

Експертите се категорични дека и да се обновуваат старите договори кои истекле, 1.725 како што тврди министерот Манчевски, сепак тоа не се прави без анализа дали се воопшто потребни.

„Со оглед на бројот на жителите потребите, потребна е администрација околу 70-80 000 а ние имаме повеќе. Немаме точен показател колку имаме администрација“ - вели Темелко Ристески, професор.

Годинава од буџетот е предвидено да се потрошат над 460 милиони евра само за плати и надоместоци на административците.

0 Коментари

Остави коментари