Експерти за 24 Отворено: Семејството е едно од клучните фактори, а насилството почнува во семејството
Foto

Експерти за 24 Отворено: Семејството е едно од клучните фактори, а насилството почнува во семејството

Образовен систем кој покажува бројни слабости, амбиент на економска сиромаштија, демократија која сé уште зрее, испревртен систем на вредности. Неповолни техничко материјални услови во градинките, училиштата, факултетите. Насилство  и  агресија меѓу учениците. Ова се само дел од проблемите во образовниот процес. Состојбата во образованието, на сите нивоа, од предучилишно, основно, средно и високо е на „точка на вриење”. Каде да ги бараме решенијата?

Во вечерашната емисија 24 Отворено експерти во образовниот процес заедно со министерот Арбер Адеми, за образование дебатираа професорки на темата за проблемите во овој системот на образованието, Татјана Стојаноска Иванова, Елизабета Томева Илиевска, Ана Фрицханд и Елизабета Петровиќ.

„Осудувам секакво девијантно однесување на учениците. Непријатно чувство имаат учениците, нивните родители. Очекувам училиштата да преземат мерки. МОН е одговорно за креирање на политики но училиштата се на првата линија да реагираат на вакви појави. Мора да се зајакнат стручните служби, бидејќи тие се првата алка со справување на ваквите проблеми.“ - вели министерот за образование и наука Арбер Адеми за последните случувања кога ученици кршеа инвентар и дивееја во училишта, а видеата беа објавени на социјалните мрежи.

Како општество треба да имаме заеднички пристап и обелоденување на проблемите. Специфичен социолошки феномен е зошто во ера на глобализација и интернет насилството се етаблира и зголемува. Акцентот не може да се стави само на едно нешто. Семејството е едно од клучните фактори, медиумите и училиштата исто така-потенцира универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова.

За да се реши и превенира насилството меѓу младите мора да се работи со поединецот и семејството. Учениците треба да ја перцепираат училишнта средина како свое место, сигурно место. Праксата покажува дека родителите се последни кои дознаваат дека детето трпи насилство или самото тоа прави насилство - затоа мора овој проблем да се гледа пошироко, како проблем на општеството - вели универзитетската професорка Ана Фрицханд.

Наставничката Елизабета Петровиќ вели дека проблемот е системски, а во училиштата мора децата да имаат здрава клима и да го гледаат училиштето како свое семејство. Тогаш и децата од дисфункционални семејства ќе имаат можност да се развијат во успешни луѓе. Честопати се посветува време само на наставата а помалку на воспитно-образовниот процес. Искуствата од училницата покажуваат дека насилството почнува во семејството, а потоа се рефлектира во училиштето.

Професорката Елизабета Томевска вели дека обврска и одговорност имаме сите. Последнава деценија смета дека се зборува за образование, а не воспитание. Фокусот треба да се стави на педагошките компетенции на наставниот кадар.

0 Коментари

Остави коментари